Англичаните ќе му го земат Челси на Роман Абрамович?

Велика Британија и Русија се противници во глобалната политика, а оваа „војна“ би можела да се пресели и на фудбалско поле. Можно е во Премиер – лигата многу брзо да биде донесена забрана мнозинските сопственици да бидат Руси. Тоа би бил секако голем удар за Челси и за Арсенал.

Познато е дека Роман Абрамович и Алишер Усманов се тајкуни блиски до Путин, а Русија и Велика Британија си ги протеруваат дипломатите по убиството на поранешниот шпиун во Салбури. Ситуацијата е доведена до црвениот аларм, а министерот за надворешни работи Борис Џонсон агитира и да се одложи Светското првенство во фудбал во Русија, или пак западните држави да не учествуваат на него.

Медиумите во Англија предвидуваат дека наскоро може да следи нова мерка. Да бидат замрзнати сметките на руските тајкуни. Тоа значи дека Челси и Арсенал нема да можат да бидат во рацете на Роман Абрамович и на Алишер Усманов. Ќе мора да ги продадат своите акции. Во полоша состојба е сепак Челси, со оглед дека Усманов е сепак малцински сопственик во Арсенал.

Се вчитува...