Англија по половина век се радува на едно европско фудбалсо злато, откако женската фудбалска репрезентација успеа да ја освои европската шампионска титула по победата над Германија во големото финале.
Англичанките на „Вембли“ слава по продолженија со 2-1 (1-1) и тоа во меч за историја поради посетеноста на трибините. Пред 87.192 навивачи Англија дојде до трофејот, што е најголема посета во историјата на едно европско првенство и во машка и во женска конкуренција.
This is history: attendance of 87,192. The biggest ever in a football Euro tournament ever, men’s or women’s.#ENG #ENGGER #EURO2022 🦁🏴🇩🇪 pic.twitter.com/Rkp3eRo3JG
— Antonello Guerrera (@antoguerrera) July 31, 2022
Англија поведе со голот на Тун во 62. минута, но Германките се изборија за продолженија благодарение на голот на Магул.
Англичанките до триумфот дојдоа во 110. минута со голот на Кели која беше најснаодлива во мешаницата пред голот на Германија, за огромно славје на „Вембли“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА