Англискиот селектор криел дека е позитивен на коронавирусот

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го прележал коронавирусот, пренесуваат англиските медиуми. И нема тука ништо изненадувачки, ако не се знае дека тој криел и од челниците на ФА и од репрезентативците дека е позитивен на Ковид-19.

Откако го добил позитивниот тест минал десет дена во самоизолација, па новиот тест бил негативен.

Поради изолацијата не можел да следи одредени претходно планирани натпревари во живо, па на тој начин бил откриен од структурите на ФА.

„Точно е, без позитивен на Covid-19. За среќа вирусот не беше толку опасен во мојот случај како кај многумина наши сонародници“, изјави Саутгејт по вчерашниот дуел со Белгија.

Се вчитува...