Анри го откри својот фаворит за „Златна топка“: Секоја чест за Кејн и Салах, но…

Легендарниот француски фудбалер, Тјери Анри по првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампионите го откри својот фаворит за популарната награда „Златна топка“.

За него тоа е Рафиња, бразилскиот напаѓач на Барселона кој оваа сезона игра извонредно, а беше и најзаслужен за пласманот на каталонците во следната фаза постигнувајќи гол во првиот натпревар, и два гола и асистенција во реваншот.

Со тоа тој стана нов рекордер, надминувајќи ги Кака, Ривалдо, Фирмино и Нејмар кои постигнаа по 10 голови во своите најдобри сезони во Лигата на Шампиони.

„Секоја чест за Хари Кејн и Мк Салах, но во трката за Златна топка оваа сезона фаворит е Рафиња. Постигна 11 голови во Лигата на Шампиони што е неверојатен учинок, особено ако земеме во предвид дека не изведува пенали.

Нема ништо лошо во изведувањето пенали бидејќи треба и така да се постигне гол, но ако ги споредиме играчите со ист или сличен голгетерски учинок, треба да им дадеме предност на тие што не шутираат пенали. Морам да говорам за него бидејќи Рафиња е комплетен напаѓач. За така да оцениме еден играчи, не е доволно тој да постигнува голови. Тој мора да прави пресинг, да игра одбрана и да му помага на својот бек. Рафиња го прави се тоа“, изјави Анри.

Се вчитува...