Ансу Фати со добиениот црвен картон влезе во историјата на Барселона и Ла Лига (ВИДЕО)

Само четири минути од градското дерби меѓу Барселона и Еспањол (1-0) му беа потребни на младиот Ансу Фати да добие црвен картон. Фати во игра влезе на полувремето, а по само четири минути доби директен црвен картон поради невнимателниот старт над Фернандо Калера. Со овој црвен картон Ансу Фати, кој веќе држи неколку рекорди во Барселона, стана и вториот најмлад играч во Ла Лига кој добил директно исклучување на еден натпревар.

 

Се вчитува...