Антиќ ги воодушеви навивачите на Ц. Звезда: Бог на кошарката… Каков господин. Треба во одело да игра кошарка!

Со синоќешната партија против Жалгирис во новата победа на Црвена Звезда, Перо Антиќ уште еднаш ги воодушеви навивачите на „црвено-белите“ но и сите љубители на кошарката од Европа.

Извонредно издание, вистински лидер на белграѓани, господар под обрачите… Мечот го заврши со само пет поени, пет скока и три украдени топки, но беспрекорно клучен придонес во одличното дефанзивно издание на шампионот на АБА-лигата. Сето тоа за „збеснување“ на навивачите на Црвена Звезда кои не штедат зборови пофалба за македонскиот кошаркар…

„Перо Антиќ – тато на евролига децата. Одбрана не се игра со желба и сила, но се потребни услови за таа вештина – антиципација, IQ… Многу се ефикасни, а Антиќ е ефективен“ – е еден од коментарите за играта на македонскиот кошаркар, меѓу останатите…

Antic 1 print

„Перо Антиќ е класичен пример на играч каде статистиката не може ништо да покаже. Со него на паркетот сме апсолутно сосема друга екипа. Човекот константно прави разлика на теренот“.

Па, се до: „Гение… Национална класа… Богот на кошарката… Кошаркарско чудо… Најкорисниот играч убедливо. Каква одбрана. Секоја чест!“… и прикриеното прашање на крајот:

„Каков господин под обрачите… Дали Перо Антиќ може во одело да игра кошарка?“

 Pero Antic 3 printPero Antic 2 printPero Antic 4 print

Се вчитува...