Антиќ го доби третиот шампионски прстен!

Перо Антиќ имаше значајна улога во походот на европската круна на Фенербахче минатата сезона, па Македонецот покрај овациите од публиката пред мечот со Црвена звезда го доби и својот евролигашки шампионски прстен, како спомен за историскиот успех и првата ваква титула за Фенер.

Ова беше трета европска круна за Антиќ, кој од претходно има две како член на Олимпијакос, со што тој само уште еднаш го потврди приматот на најуспешен македонски кошаркар на сите времиња.

Се вчитува...