Антиќ: Победите во Софија нека бидат мотив повеќе за овие девојки

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години со резултат од две победи и три порази го заврши „Челинџерот“ на ФИБА кој се одржа во Бугарија. Избраничките на Јелена Антиќ по дебаклот од Словенија успеаја да ги консолидираат своите редови и со два триумфа во низа да го завршат настапот во Софија.

По турнирот селекторката изјави дека е задоволна од прикажаното на турнирот и дека двете победи против Албанија и Швајцарија треба да бидат мотив повеќе во иднина.

„Многу ми е драго за овие девојки што успеаа да остварат две победи. Не беше лесно, особено после повредата на Ана Цветковска која е сигурно еден од лидерите на оваа генерација. Но оваа група на девојки ја краси една упорност и желба и среќна сум што почуствуваа дека можат да покажат многу повеќе од тоа што покажувале до сега во изминатите години“

„Остваривме две победи и три порази. Но и против екипите на Украина и Бугарија сметам дека покажавме една солидна и коректна игра. Едноставно недоволната физичка подготвеност и можеби неискуството беше пресудно. Сакам да напоменам дека не смееме да се задоволуваме со еден ваков скор. Ова треба да биде поттик и додатна мотивација за нив, да продолжат да тренираат и да вложуваат во себе, во исто темпо како во изминатите месец и пол дена“, изјави селекторката.

Се вчитува...