Антиќ за тепачот Џонс: Би му удрил еден бокс, едноставно му треба добар ќотек

Легендата на македонската кошарка, Перо Антиќ, порача дека би му „удрил“ ќотек на центарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс.

Антиќ во поткастот „Јао Миле“, зборуваше за лошата атмосфера во Партизан од минатата сезона кога си замина тренерот Жељко Обрадовиќ откако ја загуби контролата врз соблекувалната.

Антиќ ја коментираше ситуацијата што владееше во Партизан минатата сезона, и го спомена и Тајрик Џонс притоа нагласувајќи дека Американецот требало да покаже почит кон најтрофејниот тренер во Евролигата, но и дека му е потребен добар ќотек.

„Би го издвоил Џабари Паркер… Не сакам да напаѓам никого, но тренерот те избира, те плаќа, а потоа ти се вртиш против него. Или оној лик што е сега во Олимпијакос, оној што постојано вика и се дере. Би го удрил право во чело, брат. Мораш да покажеш почит. Кога се однесуваш така, автоматски изгледаш глупаво. А се прави фраер, како да сака да фати женска. Едноставно му треба добар ќотек“, порача Антиќ.

 

Тајрик Џонс во текот на минатата сезона си замина од Партизан и потпиша за Олимпијакос не се прослави со своите игри на теренто туку со тепачката со ѕвездата на Панатинаикос, Кендрик Нан, во тунелот во салата „Мир и пријателство.

 

 

Се вчитува...