АО: Федерер се потеше но продолжува понатаму, лесно за Вавринка и Нишикори

Роџер Федерер сосема очекувано си обезбеди место во третото коло од натпреварите на Австралија Опен. Швајцарскиот тенисер во три сета славеше против Ноах Рубин, но играјќи ги сите три сета до максимум со 7-5,6-3,7-6, против жилавиот противник.

Полесно, пак, во следната рунда натпревари се пласираа Кеи Нишикори кој убедливо со 6-3,6-4,6-3 го победи Жереми Шарди од Франција, а добар настап имаше и четвртиот тенисер на светот, Станислас Вавринка кој го надигра Стив Џонсон победувајќи со 6-3,6-4,6-4.

Жо-Вилфред Цонга, со половина гас, го совлада Душан Лајовиќ со 6-2,6-2,6-3, додека Томас Бердих беше подобар од Рајан Харисон со 6-3,7-6,6-2.

Мини сензација приреди Миша Зверев кој го исфрли Џон Иснер. Германскиот тенисер триумфираше по четири часа и 18 минути игра со 3-2, по сетови 6-7,6-7,6-4,7-6,9-7.

Понатаму продолжува и Србинот Виктор Троицки кој го доби маратонот со Лоренци. Троицки славеше во пет сета со 6-3,1-6,7-6,3-6,6-3.

Се вчитува...