АО: Неверојатен пресврт на Чилиќ, Мареј максимално

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со многу напор мина во 2. коло на Австралија Опен, откако славеше на стартот против Јиржи Јановиц од Полска дури во пет сета.

Полјакот првите два сета ги доби во своја полза со 4-6,4-6, а потоа Чилиќ се враќаше во следните три добивајќи ги со 6-2,6-2,6-3.

Во втората рунда очекувано се пласираше и првиот светски рекет, Енди Мареј кој со 7-5,7-6,6-2 беше подобар од Украинецот Марченко.

Со сериозен напор понатаму продолжува и Кеи Нишикори. Петтиот тенисер во светот со 3-2 во сетови го совлада Русинот Кузњецов, но играше далеку од нивото на својата игра.

Се вчитува...