Арапите полудеа по Рафиња: Му нудат четири пати поголема пата од Барса

 Веќе трето лето по ред арапските газди на најбогатите клубови во Саудиска Арабија ја имаат истата желба – да го доведат Рафиња од Барселона како суперѕвезда во оваа држава.

Бразилскиот крилен офанзивец две години по ред ги одбиваше нивните понуди, што придонесе Ал Хилал и Ал Наср да се вратат летово со нов обид, и тоа со фантастична плата чтири пати повисока од онаа што Рафиња во моментов ја заработува во каталонскиот гигант.

Бразилецот има плата од 12 милиони евра по сезона, договор до 2029 година, а клубовите од Саудиска Арабија му нудат фантастични 50 милиони евра годишно за да го убедат.

Клубовите воедно подготвија и 80 милиони евра како отштета за Барселона, сума што каталонците сериозно би размислиле да ја прифатат. Рафиња има 29 години, во декември ќе наполни 30, па ова е можеби последна шанса за Барса добро да заработи од неговиот трансфер. Впрочем, каталонците летово го доведоа Гордон од Њукасл токму на позицијата на која Флик најчесто го користеше Рафиња, па ќе биде интересно да се види дали тоа ќе значи заминување на Бразилецот од „Камп Ноу“ по завршувањето на СП 2026.

Се вчитува...