Се молат од Реал Мадрид сезоната да заврши што побрзо. Изгубена титула, елиминација од ЛШ, тензии меѓу играчите, „крт“… Остануваат уште два меча до крајот на сезоната, кои ќе бидат последни за Алваро Арбелоа на клупата, по што ќе има нов тренер, најверојатно Жозе Мурињо.
Пред мечот со Севиља тренерот го коментираше скандалот со Килијан Мбапе на мечот против Овиедо, како и за гласините за доаѓањето на „Специјалниот“ на „Бернабе“.
„Му реков да биде смирен и дека јас ќе се погрижам за тоа. Разбирам дека таквите работи можат да изгледаат како вести. Сè што Килијан кажа за медиумите, веќе го разговаравме меѓу себе. Ги сфаќам работите многу поприродно бидејќи, како што секогаш им кажувам на моите играчи, сум бил во нивна кожа. Разбирам како се чувствуваат фудбалерите во сите ситуации. Знам како е да се игра секој ден, знам како е да се игра помалку, знам како е да не се игра воопшто… Совршено разбирам како се чувствуваат фудбалерите кога не играат“, рече Арбелоа.
Потоа кажа дека кога ќе си замине, ќе го стори тоа со чиста совест.
„Дојдов тука пред четири месеци. Бев тренер во третата лига (на Реал Мадрид Б), а си заминувам откако го водев првиот тим на Реал Мадрид, бев тренер во Ла Лига и го водев тимот во натпреварите од Лигата на шампионите… Не мислам дека има многу тренери кои можат да го кажат истото. За мене, овие четири месеци беа извонредно искуство. Стоењето пред вас е исто така како магистерска диплома. Денот кога сето ова ќе заврши, ќе си заминам со чиста совест“, изјави Арбелоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
