Арбитражниот суд ја потврди казната на УЕФА: Русите оправдано исклучени од европските натпреварувања

Русија загуби уште една меѓународна битка откако Арбитражниот спортски суд во Лозана ја потврди казната на УЕФА, со која европската куќа на фудбалот ги исклучи сите клубови и руски репрезентации од своите натпреварувања.

Русите во приложената жалба наведоа дека исклучувањето е политички мотивирано и се коси со начелото за ферплеј во спортот, но Арбитражниот суд сепак засната на страната на УЕФА.

„Одлуката за санкции, врз однова на која е поднесена жалба, останува на сила за сите руски тимови и клубови и тие остануваат суспендирани од настапите во сите натпреварувања на УЕФА“, објави Арбитражниот спортски суд во Лозана.

Од овој суд најавија дека во најскоро време ќе донесат одлука и за жалбата на Русија против ФИФА и исклучувањето на „зборнаја“ од баражот за пласман на СП 2022. Сепак, со оглед на денешната одлука во корист на УЕФА, за очекување е слична пресуда и во случајот „Русија против ФИФА“.

Се вчитува...