Ардијан Аземи освои златен медал на турнирот „Емил Жечев“

Македонскиот кадетски репрезентативец Ардијан Аземи освои златен медал во категоријата над 80 килограми на меѓународниот турнир „Емил Жечев“ во Ботевград, Бугарија. Аземи во финалето беше супериорен против Диар Роман од Казахстан и убедливо славеше победа.

За македонскиот бокс ова е голем импулс во создавање на нови врвни боксери кои ќе не претставуваат на меѓународен план, следува кадетското и јуниорско Европско првенство во Романија каде Македонија ќе има свои претставници.

Се вчитува...