Аргентина триумфираше над Чиле со 2-1 во 9. коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Иако без Лионел Меси, Аргентина успеа да дојде до нова победа во меч кој беше одбележан од мајсторијата на Анхел Ди Марија во 9. минута кога со извонреден удар погоди за 1-0.
Бреретон во 21. минута успеа да израмни на 1-1, но Лаутаро Мартинез во 34. минута ја врати предноста на Гаучосите за конечни 2-1.
Уругвај со голот на Луис Суарез славеше на гости против Парагвај со 0-1, додека Еквадор и Бразил ремизираа (1-1) во меч со два црвени картони.
Аргентина е втора на табелата со 32 бода, и веќе заедно со Бразил осигураа директен пласман на Мундијалот во Катар. Еквадор, пак, е на одличното трето место со 24 бода и е на чекор од пласман на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА