Аргентина на крилата на Скола продолжува да „гази“

Аргентинската репрезентација со максимален учинок ќе замине во разигрувањето откако во последното коло во И групата, ја декласираше Полска со 65-91.

Првата четвртина беше единствениот дел од мечот во кој Полска успеа, колку толку да биде рамноправен противник, губејќи со само шест поени разлика (14-20). Во вториот период следуваше одлична игра на „Гаучосите“ кои на противникот му дозволија да постигне само 13 поени, а на полувреме заминаа со предност од (27-42).

Доминацијата на Аргентина продолжи и во третата четвртина која ја добија со плус четиринаесет и дојдоа до најголемите плус 29 (40-71). Последната четвртина избраниците на Серхио Хернандез ја одработија рутински за конечна победа од 65-91.

Повторно најдобар беше ветеранот Луис Скола кој уфрли 21 поени, а Делија додаде 12. Кај Полска единствен расположен беше Слотер со 16 поени.

Се вчитува...