Аргентински фудбалер доби црвен картон за десет секунди!

Аргентинецот Нестор Алегре влезе во фудбалската историја на необичен начин – не со своите фудбалски мајстории, туку со експересниот црвен картон за кој му требаа само десет секунди.Алегре игра за Депортиво Мадагрија, тим од пониските лиги во Аргентина, а на дуелот против Тиро Федерал, во неговата статистика запиша само црвен картон – и тоа еден од најбрзите во историјата.За десет секунди, Алегре успеа да влезе на терен, да се сврти и да се врати во соблекувалната. Судијата беше ригорозен, на фудбалерот експресно му покажа два жолти картони по што следуваше и автокматско исклучување.„Првиот жолт картон го доби бидејќи се обиде да влезе на терен пред да излезе неговиот соиграч што требаше да го замени, а вториот е поради навреда“ – објасни судијата Виктор Кордеро.Така Алегре им се придружи на Лиј Тод (две секунди) Дејвид Прат (три секунди), Џузепе Лоренцо (десет секунди), на потесниот список на фудбалери кои на неславен начин ставија белег на најважната споредна работа во светот.

Се вчитува...