Арменд Алими доби негативен тест на Covid-19 и се враќа на тренинзите на Шкендија

Искусниот играч за врска на Шкендија, Арменд Алими, се враќа на тренинзите. Тој беше негативен на последното тестирање за Covid-19 и доби дозвола да се врати во тренажен процес.

Алими беше позитивен на тестирањето во пресрет на мечот на Шкендија во Лигата на Европа против Сумгаит, веднаш беше изолиран и не можеше да им помогне на соиграчите кои успеаја да го елиминираат противникот од Азербејџан.

Шкендија следниот викенд ја очекува гостување против Беласица во Струмица во рамките на петтото коло од Првата фудбалска лига.

Се вчитува...