Арминија приреди изненадување во Франкфурт

Ајнтрахт загуби нови бодови во борбата за висок пласман откако бундеслигашот од Франкфурт претрпе пораз на домашен терен од Арминија со 0-2.

Вимер постигна гол по нецели пет минути игра, со што гостинскиот фудбалер целосно го исфрли Ајнтрахт од ритам уште во раната фаза од мечот. Домаќините се обидоа да се вратат, но Арминија набрзина постигна и втор гол, преку Шопф во 27. минута, што се покажа доволно за гостинскиот тим да стигне до цел плен на оваа средба.

За Ајнтрахт ова беше трет меч во низа без триумф во Бундес-лигата (два порази и едно реми), додека Арминија веќе петти меч во серија не знае за неуспех (три победи и две нерешени средби).

Се вчитува...