Арон Рамзи од следната сезона во Јувентус

Арон Рамзи од следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот Јувентус. Клубот објави дека потпишал преддогвор со долгогодишниот „топчија“ со кој Велшанецот ќе заработува огромни 400 000 фунти неделно.

28-годишниот Рамзи со актелниот итлаијански шампион се договорил за четиригодишна соработка. Во Јувентус ќе оди како слободен играч бидејќи догворот со Арсенал му истекува на 30.јуни со што ќе заврши неговата одисеја во лондонскиот клуб која траеше 11 години.

Во потврдата за трансферот, Јувентус објави дека клубот ќе направи трошок од 3,7 милиони евра, неспецифирајќи за што ќе бидат парите.

 

Се вчитува...