Арсенал е очаен, Артета не е загрижен

Арсенал ја продолжи серијата очајни изданија во Премиер-лигата, губејќи на домашен терен од Вулверхемптон со 1-2. „Топчиите“ по првите 10 кола имаат собрано само 13 бода, со што овој тим се наоѓа на 14. позиција на табелата, најслаб старт на една премиерлигашка сезона во последните 29 години.

Без оглед на тоа, Микел Артета не е загрижен дека би можел да добие отказ поради слабите игри на „топчиите“.

„Во оној момент кога почнав да се занимавам со тренерската професија ми беше јасно дека ќе дојде денот кога ќе треба да си дадам оставка или да добијам отказ. Не сум загрижен, воопшто не размислувам за тоа, фокусот ми е целосно на тоа да го извлечам најдоброто од оваа екипа“, истакна Артета.

Главен проблем за „топчиите“ претставува очајната форма на Пјер Емерик Обамејанг, кој нема постигнато гол од игра уште од првото коло против Фулам.

„Сите се свесни колкаво е значењето на Обамејанг за нашиот тим. За да бидеме успешни како екипа, тој мора да постигнува што повеќе голови“, порача стратегот на Арсенал.

Се вчитува...