Арсенал го плати 72 милиони, а тој само еднаш беше во првиот тим

Фудбалерот на Арсенал, Николас Пепе вели дека малата минутажа во тимот на Микел Артета го прави несреќен. Крилниот фудбалер во летото 2019 стигна на „Емирати“ од Лил за сума од 72 милиони фунти, но не се снајде баш најдобро во новото опкружување. Тој игра се помалку, а сезонава запиша само еден настап во стартната постава на тимот.

„Цел ми е да играм повеќе. Фудбалерите се среќни кога играат. Јас сакам поголема минутажа како повторно би ми се вратила насмевката на лицето. Фрустрирачки е кога секој меч си на клупата“, изјави Пепе. 

Од доаѓањето во Арсенал Пепе запиша 54 натпревари на кои постигна скромни 11 гола.

Се вчитува...