Во трка по потписот на Еберечи Езе, ѕвездата на Кристал Палас, Тотенхем не успеа да ја оствари својата главна цел од летниот преоден рок. Иако „петлите“ покажаа сериозен интерес и дури понудија размена со бразилскиот напаѓач Ришарлисон, се чини дека Езе е многу поблиску до преселба во редовите на лутиот градски ривал – Арсенал.
Според информации на британскиот весник Дејли Мејл, Тотенхем се обидел да го „омекне“ Палас со споменатата понуда, но Атлетик пренесува дека Арсенал е веќе во напредна фаза од преговорите и води во оваа трансфер битка.
„топчиите“ постигнале договор со Кристал Палас за активирање на откупната клаузула од 68 милиони фунти (78 милиони евра). Според истите извори, личните услови на играчот се веќе договорени, што значи дека трансферот е на прагот на реализација.
Доколку не дојде до неочекувани компликации, Езе ќе го одигра својот последен натпревар за Палас во четврток, во рамки на квалификациите за Конференциската лига, по што се очекува официјализација на трансферот во Арсенал.
Во одвоен трансфер во спротивен правец од Арсенал во Кристал Палас би требало да замине дефанзивецот Јакуб Кивиор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

