Англискиот премиерлигаш Арсенал се наоѓа во лоша форма. Очајната игра на „топчиите“ продолжи и на последниот меч против Лидс кој заврши 0-0, а конечниот резултат е поволен за тимот од „Емирејтс“ бидејќи фудбалерите на Лидс дури три пати ја погодуваа рамката на голот на Арсенал.
Микел Артета во јануари ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Лил, Јусуф Јазици кој е во одлична форма, а на последниот меч од Лига 1 постигна два гола. Англиските медиуми пишуваат дали ова е нова грешка на клубот, бидејќи од Лил пред минатата година стигна Николас Пепе како најскап трансфер во историјата на клубот. Пепе не ги оправда вложените пари во него и очекување, а од доаѓањето на „Емирејтс“ постигна само шест гола.
Едноставно во ниту една ситуација не им помага на соиграчите на теренот, а во последниот меч направи и голема глупост, нокаутирајќи го нашиот Езгјан Алиоски, старт поради кој ќе добие голема казна од ФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА