Арсенал „распука“ против Ватфорд

Арсенал ја прекина непријатната серија од три порази по ред во Премиер – лигата и забележа значајна победа на „Емирати“ против Ватфорд. „Топчиите“ славеа со убедливи 3-0 и покажаа дека се уште не се откажуваат од позициите кои водат во Европа.

Шкодран Мустафи со удар со глава донесе водство за Арсенал уште во осмата минута. Во вториот дел, Пјер – Емерик Обамејанг зголеми на 2-0 во 59.минута, а потоа Петр Чех успеа да му одбрани пенал на Трој Дини. Беше јасно дека Ватфорд нема што да бара на овој меч, а точка стави Хенрик Мхитарјан со погодокот во 77.минута.

Се вчитува...