Арсенал во трка по „новиот Кристијано Роналдо“

Арсенал е подготвен да ја активира откупната калузула од 40 милиони фунти за Жоелсон Ферандеш, 17-годишното чудо од Спортинг Лисабон. Лондонскиот тим сака да ја добие трката со Јувентус и со Барселона за фудбалерот кој го нарекуваат „новиот Кристијано Роналдо“. Спортинг сака да го задржи младиот играч, но ќе треба да се бори со неколку големи клубови кои се заитересирани за него.

Тој беше доведен во првиот тим во текот на минатата година, а дебитираше во најсилната конкуренција по рестартот на сезоната по прекинот поради пандемијата на коронавирусот. Спортинг сака и да ја дуплира откупната калузула за него, но заинтересираните клубови ќе почнат да ги даваат понудите пред цената да му скокне до плафон.

Тврдењата во португалските медиуми се дека Арсенал предничи во интересот, дури се оди до таму дека активирањето на откупната калузула е „извесно“. Во прилог на англискиот тим оди и фактот дека агентот на Фернандеш има одлична соработка со Арсенал и работел на неколку трансфери со клубот. Тој бил клучен во потпишувањето на новиот двегодишен договор со Давид Луиз.

 

 

Се вчитува...