Арсенал продолжува со очајните игри сезонава запишувајќи нов пораз, овој пат во 10. коло од Премиерлигата, на домашен терен од Вулверхемптон со 1-2.
Гостите поведоа уште во 27. минута со голот на Нето, „топчиите“ израмнија по само три минути игра преку Габриел, но Вулверхемптон со голот на Португалецот Даниел Поденсе во 42. минута дојде до победата.
Натпреварот беше одбележан и од страотниот судир во првото полувреме меѓу Давид Луиз и Хименез уште во 15. минута од натпреварот. Фудбалерот на гостите Хименез, поради потрес на мозокот, не можеше да го продолжи натпреварот итно префрлен во клиника.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА