Фудбалерите на Арсими обезбедија пласман во осминафиналето на Купот на Македонија, откако на гостувањето кај третолигашот Могила славеа со неверојатни 12-0. Разликата во класи беше евидентна уште од првиот свиреж, па прволигашот замина на пауза со предност од 4-0, за во второто полувреме целосно да го дотолчи противникот со уште осум погодоци.
Со овој триумф, Арсими им се приклучи на екипите на Вардар, Башкими, Пелистер, Брера, Македонија ЃП, Каменица Саса, Брегалница, Скопје, Шкендија Арачиново, Новаци, Беласица и Струга, кои веќе го визираа својот пасош за следната рунда. Актуелниот бранител на трофејот, Силекс, беше слободен во оваа фаза.
Патниците во осминафиналето ќе се комплетираат по одигрувањето на преостанатите два меча во октомври, каде се среќаваат Крос Спорт Битола – Тиквеш (6 октомври) и Вардар Неготино – Работнички (14 октомври).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
