Артета: Бев шокиран кога дојдов во Арсенал

Микел Артета го превзема Арсенал од Унаи Емери во декември 2019 година, и призна дека бил шокиран кога ја видел состојбата на клубот по доаѓањето на „Емирати“.

„Не можеш да изградиш нешто ново толку брзо, поготово кога нешто е толку оштетено и повредно. Имаше голема неповрзаност меѓу навивачите и нашата екипа. Кога дојдов на стадионот пред десет месеци бев шокиран за состојбата во која се наоѓаме. Моравме повторно да ја градиме таа врска. За тоа да можеш да го направиш, мораш да почнеш од темелите, а потоа влегуваш во процес. Цело време мораш да бидеш внимателен бидејќи не сакаш да го срушиш тоа што го градиш“ – изјави Артета за службената страна на Арсенал.

Арсенал оваа сезона ја започна полошо од претходната. Топџиите во моментот се наоѓаат на 11. место на табелата во Премиер лигата по осум одиграни натпревари.

Се вчитува...