Микел Артета веќе по првото коло од Премиер-лигата се соочува со сериозен проблем откако Каи Хаверц заработи тешка повреда на коленото поради која германскиот ас го очекува нова долга пауза од терените.
Нема конкретни информации дали станува збор за нова или за обновување на старата повреда поради која Германецот подолго време беше „во аут“ минатата сезона, но во таборот на Арсенал владее сериозна загриженост за здравствената состојба на овој фудбалер.
Микел Артета на Хаверц гледаше како на втора опција за нападот, веднаш зад новото засилување Виктор Ѓокереш. Информациите од Англија говорат дека „топчиите“ повторно се активирале на пазарот по повредата на Хаверц, разгледувајќи неколку опции кои би можеле да дојдат на позајмица.
Арсенал во првото коло од Премиер-лигата како гостин славеше против Манчестер јунајтед со 0-1, а „топчиите“ во рамките од втората рунда ќе го пречекаат Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

