Астон Вила го „здрма“ Лестер во судиското продолжение за доближување до Евертон

Астон Вила со погодок во судиското продолжение славеше со 0-1 на гостувањето против Лестер во 5. коло од Премиерлигата, доближувајќи се на тој начин на само еден бод од водечкиот Евертон.

Во главно максимално израмнет натпревар, домашните воопшто и немаа некоја посериозна шанса да дојдат до погодок, па на крајот нивната калкулантска игра ја казни Астон Вила за минимална победа со голот на Рос Баркли во 91. минута.


Сега Астон Вила има 12 бода од пет натпревари, еден бод помалку од водечкиот Евертон.

Се вчитува...