Атак кон титулата: Ферари го претстави новиот болид (ФОТО)

Екипата на Ферари го претстави во својата база во Маранело моделот на новиоѕ болид SF70H за престојната сезона во Формула 1.

Новиот модел на возачите Себастијан Фетел и Кими Раиконен би требало да им овозможи намалување на разликата во однос на Мерцедес, тим кој доминира три години во Ф1 натпреварувањето.

f1 ferari

Во името SF70H делот „SF70“ се однесува на 70 години тимот на Ферари, а „H“ е ознака за хибриден мотор.

Мерцедес во последните три години ги освои шампионските титули во конкуренција на конструктори и во конкуренција на возачи. Минатата година, тимот на Ферари беше трет во категроијата конструктори, а во конкуренција на возачи Фетел и Раиконен беа четврти и шестти.

Се вчитува...