Аталанта го „здрма“ Наполи, Елмас само на клупата… (ВИДЕО)

Аталанта веќе се поизвесно обезбедува настап во Лигата на шампионите следната сезона откако во 29. коло од Серија А славеше со 2-0 против Наполи.

Домашните до триумфот дојдоа во второто полувреме со погодоците на Пашалиќ во 47. минута и Госенс во 56. минута.

 

Во редовите на Наполи не настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој остана само на клупата за резервни играчи во гостинската екипа.

Аталанта по овој триумф со 60 бода се зацврсти на четвртата позиција на табелата со 12 бода предност во однос на петтопласираната Рома. Наполи остана на 6. место со 45 бода.

Се вчитува...