Аталанта израмни рекорд стар 61 година

Аталанта се искачи на второто место на калчолигашката табела откако вечерва славеше со 1-0 над Болоња, дуел на кој тимот од Бергамо израмни калчолигашки рекорд стар 61 година.

Имено, погодокот со кој Муриел донесе победа беше вкупно 95. за Аталанта во Калчо-лигата сезонава, а последен тим што успеал да стигне до ваква бројка во италијанскиот фудбал е Фиорентина во далечната 1958/59 сезона. Мора да се истакне дека до крајот на оваа сезона има уште три кола, сосема доволно време Аталанта да го урне рекордот на таа генерација на „виолетовите“, но и да ја нападне „магичната граница“ од 100 постигнати гола во една сезона од Серија А.

За одбележување е и конфликтот на двајцата тренери, Гасперини и Михајловиќ, во првото полувреме, по што стратегот на домаќините заработи црвен картон.

Се вчитува...