Аталанта ја „згази“ и Рома среде Рим…, циркузантско однесување на Мурињо (ВИДЕО)

Аталанта продолжува со победите во Серија А, зацврстувајќи се на врвот од табелата, откако во 7. коло славеше со 0-1 на гостувањето против Рома.

Гостите до победата дојдоа со голот на Скалвини уште во 35. минута од средбата.

Но, вистински циркус се случуваше во второто полувреме кога при една сомнителна судиска одлука, „полуде“ тренерот на Рома, Жозе Мурињо кој втрчувајќи на терен протестираше кон главниот судија.

Па, судијата Даниеле Кифи веднаш му покажа црвен картон. Но, тоа не го смири Португалецот кој се впушти во уште пожесток вербален судир со судијата, испраќајќи неконтролирани пцовки но и очигледна желба и физички да дојде до делителот на правдата, па мораше со реакција на неговите соработници да биде отстранет од теренот…

Се вчитува...