Атаман со ново скандалозно обвинение: ФИБА нема почит кон турскиот народ!

Селекторот на кошаркарска Турција, Ергин Атаман, повторно го привлекува внимзнието на јавноста, откако кој знае по кој пат ги нападна челниците на ФИБА, за кои потенцираше дека немаат почит кон народот на Турција.

Овојпат причина за неговиот бес е терминот во кој турските кошаркари ќе го одиграат утрешното осминафинале против Франција (12 часот), кој изразува непочитување кон неговата репрезентација која заврши како втора во својата група.

„Ова е скандалозно што нѐ ставија да играме против Франција уште во 12 часот. Целта им е да го спречат турскиот народ да ја наполнат салата во Берлин. Но, сигурен сум дека нашите сонародници, кои ги има во огромен број во Германија, ќе се жртвуваат и ќе дојдат да ни помогнат без разлика на ужасниот термин“, изјави Атаман.

Се вчитува...