Атанасковски се збогуваше од „лавовите“: Продолжува во Шахтјор Караганди (ФОТО)

Давид Атанасковски денеска против Силекс го одигра последниот натпревар во дресот на Македонија ЃП. 24-годишниот Атанасковски кариерата ја продолжува во казахстанскиот прволигаш Шахтјор Караганди.

„Лавовите“ по крајот на дуелот со Силекс, приредија и мало збогум за Атанасковски овековечувајќи ги последните минути во дресот на прволигашот од Ѓорче Петров.

 

Атанасковски, кој во минатото настапуваше и за Тетекс, Хоризонт Турново и Академија Пандев, се одлучи да ја прифати понудата на Шахтјор Караганди и за првпат да стартува интернационална кариера.

Се вчитува...