Атанасов стрелец во ремито на Хајдук со Горица (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Јани Атанасов беше стрелец за Хајдук во ремито на гостувањето кај Горица од 1-1 во натпревар од 25. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска.

Домаќините поведоа со автоголот на Мујакиќ во 6. минута, додека Атанасов со голот во судиското продолжение во првиот дел ги постави конечните 1-1. Ова за Атанасов беше втор гол сезонава во хрватскиот шампионат.

Голот на младиот македонски фудбалер може да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...