Атлетико блесна без Суарез и Феликс – „петарда“ во мрежата на Еибар

Атлетико Мадрид блесна кога беше најважно, па по серијата слаби игри денеска го декласираше Еибар со 5-0, најавувајќи излез од кризата со која им дозволи на Реал Мадрид и на Барселона да се вратат во игра во трката за титулата.

Триумфот е уште позначаен ако се знае дека Симеоне не можеше да смета на двајцата најдобри напаѓачи, повредените Суарез и Жоао Феликс, но и во нивно отсуство Атлетико успеа да постигне пет погодоци.

Клучни беа последните четири минути од првото полувреме во кое домаќините поведоа со 2-0, со двата гола што ги постигна Кореа. На самиот почеток од вториот дел на 3-0 зголеми Караско, за потоа на сцена да стапи Љоренте, кој со два погодоци стави печат на убедливиот триумф.

Се вчитува...