Атлетико го продаде Руџери, собира пари за Ромеро

Челниците на Атлетико Мадрид влегоа во интензивни преговори со Тотенхем, начелно договарајќи да го доведат Кристијан Ромеро за сума од 40 милиони евра.

На шпанскиот гигант му се брза да ги собере парите за овој трансфер, ако се знае дека за Ромеро сериозно се интересира и Интер, па челниците на Атлетико почнаа да се ослободуваат од неколкуте фудбалери кои беа на трансфер-листа, почнувајќи од Матео Руџери.

Бекот не ги оправда очекувањата по ланскиот трансфер од Аталанта, па Атлетико реши да го продаде, прифаќајќи ја понудата на Астон Вила. Тимот од „Вила парк“ беше во потрага по нов лев бек по заминувањето на Лука Дињ во ПСЖ, а изборот падна врз Руџери за чии услуги ќе плати 16 милиони евра (плус шест милиони поврзани со неколку клаузули).

Понудата е веќе прифатена, па Руџери наместо да патува за Азија со тимот на Атлетико веќе добил инструкции да замине за Бирмингем, на лекарски прегледи и потпис со Вила.

Се вчитува...