Атлетико и со црвен картон до реми против Вилјареал (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и Вилјареал одиграа без победни 2-2 во спектакуларен натпревар на „Метрополитано“ како дел од 2. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.

Откако по првите 45 минути мируваа мрежите, водство од 1-0 за домаќинот донесе Пубил во 59. минута. Само седум минути подоцна гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Морено од пенал.

„Јорганџиите“ останаа со фудбалер помалку откако Ле Норманд доби директен црвен картон во 76. минута, а гостите добија нов пенал кој успешно го реализираше Микаутадзе за (1-2). И покрај тоа што имаа фудбалер помалку избраниците на Чоло Симеоне успеаја да стигнат до бод (2-2) со голот на Џулијано Симеоне во 85. минута.

Atlético Madrid [2]-2 Villarreal – Giuliano Simeone 85'
byu/4gjdtokurwa insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...