Атлетико Мадрид го купува Џејми Варди?

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го заврши својот европски пат во полуфиналето на Лигата на шампионите, но ќе стори за да го задржи третото место на табелата во шпанското првенство и повторно да осигура директен пласман во елитното натпреварување за следната сезона. Тренерот Диего Симеоне најави дека ќе остане во клубот, и покрај понудите од Интер и од ПСЖ, а веќе размислува и за одредени засилувања.

Аргентинскиот стратег има желба во Атлетико Мадрид да го доведе Џејми Варди, напаѓачот на Лестер. Тој бил воодушевен од игрите на Варди во меѓусебниот четвртфинален двомеч од ЛШ, па ќе понуди 30 милиони евра за негов ангажман во летниот преоден рок. Варди треба да биде потенцијална замена за Фернандо Торес или Кевин Гамеиро, а Симеоне се надева дека и Антоан Гризман ќе остане во клубот, и покрај огромните понуди на негова адреса.

 

Се вчитува...