Атлетико Мадрид ја сопре Осасуна на патот кон Европа и кон опстанокот (ВИДЕО)

За Атлетико Мадрид мечот против Осасуна на гости не значеше ништо, но за домаќинот имаше значење за тоа што екипата можеше на крајот да избори и пласман во Европа.

Атлетико веќе е со обезбедено место во ЛШ, може само да се искачи на третата позиција, а Осасуна со триумф ќе „бркаше“ настап во Лигата на Конференции, или во Лигата на Европа.

Атлетико на крајот славеше со 1-2, и ја сопре Осасуна на патот кон Европа. Лукман во 15. минута од пенал донесе предност за гостите, а потоа Сорлот во 71. минута за погрижи за втор гол. Љоренте доби црвен картон, а тао му овозможи на Осасуна да намали преку Барха во судиското надополнување, но тоа беше се што сторија домаќините на овој меч.

Иако Осасуна можеше да игра во Европа, сепак, на крајот може и да испадне затоа што се наоѓа само на три бода од 18 позиција која носи во понизок ранг.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...