Хулијан Алварез нема да може да му помогне на Атлетико Мадрид против Реал Сосиедад поради повреда. „Јорганџиите“ не се во најдобра форма, откако претрпеа два непријатни порази, а сега ги очекува уште еден исклучително тежок натпревар.
Хулијан Алварез нема да патува во Сан Себастијан. Не станува збор за некаков нов проблем или незадоволство на Аргентинецот, туку за истегнување на мускул што го претрпел одличниот напаѓач.
Тој штотуку се врати во почетниот состав на натпреварот на „Енфилд“, а сега ќе мора да направи пауза. Не беше соопштен временскиот период потребен за закрепнување.
„Хулијан не патува за Сан Себастијан поради истегнување на мускул здобиено на последниот тренинг. По извршените прегледи, медицинскиот тим одлучи дека тој нема да настапи на натпреварот во Сан Себастијан“, соопштија од клубот од „Метрополитано“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
