Атлетико пак не победи, трката за титулата во Ла Лига никогаш не била поинтересна

Атлетико Мадрид не успеа да победи ниту на второто гостување во низа во Севилја, ремизирајќи 1-1 со Бетис и правејќи уште еден чекор наназад во трката за титулата.

„Јорганџиите“ до пред еден месец сигурно чекореа кон шампионскиот трофеј, но славеа само еднаш во последните четири кола и им овозможија на ривалите Реал Мадрид и Барселона сериозно да се приближат.

Неиграњето на Луис Суарез се покажа како значаен фактор на денешниот меч, на кој Атлетико немаше играч кој ќе знае да ги реализира создадените шанси. Караско ги доведе гостите од Мадрид во водство, нешто подоцна Телјо израмни на 1-1, резултат при кој „јорганџиите“ не се снајдоа најдобро во неколку извонредни ситуации за постигнување на победнички гол.

Едно е сигурно, трката за титулата во Шпанија никогаш не била поинтересна, Атлетико се уште е прв со 67 бода, со само еден бод предност пред Реал Мадрид и „плус два“ во однос на второпласираната Барселона.

Се вчитува...