Атлетико Мадрид почека 24 часа по големата дерби победа над Реал, по што мадридскиот клуб реши да му врати мило за драго на Жозе Мурињо кој вината за неуспехот на својот тим ја побара кај судиите.
Видео-пораката од „јорганџиите“ е навистина оригинална – принтер што печати фотографии слични на оние што Жозе ги покажуваше по вчерашното дерби, само што овие се со „специјалниот“ во преден план – и јасна порака: Стоп за малтретирањето на судиите.
Беше само прашање на време кога Португалецот ќе почне вината за своите слаби резултати да почне да ја бара кај арбитрите, а кога дојде на „минус шест“ од Барса, беше јасно дека веќе нема време за чекање.
А раководството на Атлетико едвај дочека да го замолкне трофејниот стручњак…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
