Атлетико посилен од ВАР и од Бетис

Атлетико Мадрид го осигура учеството во ЛШ следната сезона откако вечерва по голема битка славеше над Бетис со минимални 1-0. Избраниците на Диего Симеоне постигнаа дури три погодоци, но првите два беа поништени со ВАР, па Кореа и Мората попусто ги прославуваа постигнатите голови.

Во второто полувреме ситуацијата на теренот се промени, Бетис ја контролираше средината од теренот, а згора на тоа домаќините останаа со играч помалку по исклучувањето на Хермосо. Сепак, борбениот дух на тимот од Мадрид уште еднаш се покажа на дело, па Атлетико и со десет фудбалери успеа да стигне до победата благодарение на „резервистот“ Диего Коста.

Симеоне ниту на овој натпревар не можеше да смета на најскапото засилување Жоао Феликс, но се очекува Португалецот наскоро да се врати во тимот на Атлетико.

Се вчитува...