Атлетико повторно го „трола“ Реал: Ќе се уништат цели шуми ако ги испечатиме сите грешки кои биле во корист на Реал

Бурата по градското дерби, популарното „Мадрилењо“, меѓу Атлетико и Реал, не стивнува, напротив, се разгорува и тоа на релација Реал-Ла Лига, додека градскиот ривал кој славеше со 2:1 си фаќа сеир.

По „војната“ со сопштенија на релација Ла Лига – Реал Мадрид, сега со соопштение со огласи Атлетико.

„Интегритетот на шпанскиот фудбал е загрозен. Или сега ќе ги запреме или нема да има враќање по ова. Размислувавме да испечатиме список со сите грешки на судиите од кои Реал имаше корист, но така ќе уништевме цели шуми. Не можеме да го направиме тоа поради екологијата “, стои во соопштението на Атлетико.

Се вчитува...