Атлетико прокоцка три гола против Еспањол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид прокоцкаа три гола предност и на крајот одиграа само реми 3-3 против  Еспањол во 36. коло во шпанската Ла лига.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Саул Нигуез во 21. минута. До крајот на првиот дел веќе беше и 0-2 откако стрелаше Гризман во 44. минута. На стартот на вториот дел, во 46. минута гостите зголемија и на 0-3 со погодокот на Јаник Караско.

Сепак, ниту ова не беше доволно за гостите кои успеаја да ја прокоцкаат оваа предност. Прво Еспањол намали на 1-3 преку Монтес во 64. минута. Жоселу од пенал во 75. минута намали на 2-3, додека конечните 3-3 беа дело на Винисиус Соуза во 79. минута.

Во вториот меч вечерва Хетафе славеше на гостувањето кај Реал Бетис со 0-1.

Се вчитува...